Vrabotuvanje.com - Парични награди за вработените во САСА и донација од 120.000 долари за нов градски парк
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Парични награди за вработените во САСА и донација од 120.000 долари за нов градски парк

И покрај сите предизвици и ограничувања предизвикани од Ковид-19 пандемијата, Рудник САСА и оваа година на соодветен начин го одбележа 28. Август – Денот на рударите

Парични награди за вработените во САСА и донација од 120.000 долари за нов градски парк

По повод празникот, сите 705 вработени во САСА добија парични награди и подароци, а дополнително на 122 вработени им беа врачени специјални парични награди и признанија за нивниот извонреден придонес во безбедноста и здравјето при работа и перформансите на нивните работни места.

Оваа година САСА, во чест на Денот на рударите, преку својата Фондација за поддршка на одржливиот развој, донираше над 120.000 долари во изградба на нов парк „Младост“ во Македонска Каменица, чија изградба започна на 12 јуни оваа година, на одбележувањето на 15-годишнината од рестартирањето на рудникот.

„Сите ние во тимот на САСА сме задоволни што и покрај сите ограничувања што ги наметна пандемијата и оваа година успеавме на безбеден начин да го одржиме производството и, со поддршка од нашите инвеститори – Централ Азија Металс, да продолжиме да вложуваме во современа рударска опрема и технологија, во унапредување на безбедноста и дигитализација на техничките процеси, во подигнување на стандардите и работните услови во рудникот, како и во благосостојбата и професионалниот развој на сите наши вработени. Секако, исклучително сме горди и на големиот број проекти за поддршка на заедницата што ги реализиравме во изминатиот период, како и на оние што се планирани за во иднина, во областа на образованието, спортот, животната средина, здравствената заштита и ранливите социјални групи. И во наредниот период ќе продолжиме да инвестираме во сите сегменти кои треба да обезбедат оптимално функционирање на САСА на долг рок, како и во дополнителни вработувања, а ќе продолжиме и со вложувањата во сите области кои се значајни за долгорочниот просперитет на луѓето и на локалната заедница“, изјави генералниот директор на САСА, Скот Јеланд, честитајќи им го годинешниот празник на сите рудари и вработени во македонската рударска индустрија.

Во моментов САСА има потреба од Менаџер за финансии - Аплицирајте на ЛИНКОТ

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje