Vrabotuvanje.com - Пивара Скопје слави 99 години постоење
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Пивара Скопје слави 99 години постоење

Наздравуваме за 99 години традиција, за препознатливиот квалитет, за вредностите што нè обединуваат, за успесите кои создале историја

Пивара Скопје слави 99 години постоење

Неколку интересни податоци од почетоците на Пивара Скопје

По Првата светска војна, особено во првите повоени години, на Балканот настанува период на пробив на странски капитал и најчеста форма на инвестирање било формирање на акционерски друштва со доминантна странска сопственост.

Парната пиварница во Скопје настанала, најмногу поради тоа што јужно од Јагодина воопшто немало пиварници. Истовремено се отворила и Пиварница во Ниш, која била помала и со помал капацитет од онаа во Скопје.

osnovanje na industrisko pretprijatie parna pivarnica vo skopje

Во 1922 година било купено земјиште од 32.347 м2, покрај железничката линија Скопје – Ниш, два километра источно од Скопје и почнала изградбата на фабриката. Истата година е основано индустриското претпријатие Парна пиварница во Скопје. Основачи биле двајца Чеси, инженерот Виктор Цајс и банкарот Карел Хусник. Тие инвестирале сума од три милиони тогашни динари, која веќе наредната година била удвоена, а во 1924 година изнесувала девет милиони динари.

Во периодот пред војната, годишниот производствен капацитет на пиварницата бил: 35.000 хектолитри пиво, 720 тони слад за пиво, 1.500 тони мраз.

staro bure

Административните и производствените капацитети на Пиварницата до 1941 година биле сместени на 5.919 м2. Тие опфаќале главна фабричка зграда, одделение за слад, мелничко одделение, одделeние за варилници и варење на пивото, одделение за ладење на пивото, одделение за ферментација и одделение за одлежување на готовото пиво, одделение за миење, полнење и за пастеризирање на пивото, заедно со четирите одделенија: за киснење на бурињата, за миење на бурињата, за смолење на бурињата и за полнење на бурињата со пиво и за производство на мраз, како и одделенијата за машинско и техничко одржување.

Номиналното работно време пред војната било 8-часовен работен ден. Поради тоа што пивото најинтензивно се трошело во летниот период, од 1 април до 30 септември, се работело секој ден. Во есенскиот и во зимскиот период се работело само три дена неделно. Во последните три години пред војната, трошењето и производството на пиво пропорционално се зголемувале и тогаш секојдневно се работело во текот на целата година.

На 2 септември Пивара Скопје одбележи 99 години постоење

Денес, Пивара Скопје АД една од водечките компании во Северна Македонија со 99 години традиција, богато портфолио на производи и број еден позиција на пазарот. Пивара Скопје АД е дел од големите интернационални семејства на Coca-Cola HBC и HEINEKEN.

Slika od pivara skopje 1920

Ви благодариме на сите што сте дел од оваа автентична приказна која ја создаваат голем број генерации горди Пиварци. Чувството на гордост произлегува од вредностите кои нѐ обединуваат, од тимскиот дух и лидерството.

Прославуваме за препознатливиот квалитет на нашите производи, за љубовта која ја градиме кон нашите брендови, за иновативноста и искуствата кои секојдневно ги создаваме за нашите купувачи и потрошувачи, за позитивното влијание кое го оставаме во заедницата. Прославуваме за нашата посветеност, бидејќи сè она што го работиме, го правиме со огромна страст и желба за постојано надградување.

 
Во моментов Пивара Скопје има потреба од кандидати за работа на следните позиции:

 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje