Vrabotuvanje.com - ТикТок го помина Јутјуб, сега му се приближува на Фејсбук
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

ТикТок го помина Јутјуб, сега му се приближува на Фејсбук

Најскапата публика за огласувачите, САД и Британија, минува повеќе време на апликацијата на ТикТок отколку на Јутјуб.

ТикТок го помина Јутјуб, сега му се приближува на Фејсбук

Категоријата во која ТикТок го помина Јутјуб е просечно време по корисник, што се толкува како показател за поголема ангажираност на корисниците на ТикТок. Во пресметката на Ап Ени, Јутјуб останува шампион по севкупно потрошено време, не по корисник, бидејќи вкупно има повеќе корисници. ТикТок во средината на 2020 имаше околу 700 милиони корисници, Јутјуб месечно има две милијарди корисници.

Бројките се само од Андроид телефони, ама па од друга страна не ја земаат предвид Кина, каде ТикТок, локално познат како Доујин, е една од најпопуларните апликации.

„Масовната публика на Јутјуб значи дека тие добиваат повеќе демографија која е составена од полесни интернет корисници... едноставно стигаат до сите што се онлајн,“ објаснува аналитичарот од Ендерс Аналисис, Џејми Мекеван.

Тикток со години се обидуваше да привлече што е можно повеќе корисници, ама не успеваше да ги задржи подолго време. Самото тоа што го надмина Јутјуб и му се приближува на Фејсбук е „показател за прифатеност на платформата“.

Напредокот на ТикТок се гледа и во тоа што успева речиси цела година да ја одржи предноста пред Јутјуб, како и тоа што е најсимнувана апликација во светот за 2020 во социјални мрежи, комуникација, фото, видео и забавни апликации.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje