Vrabotuvanje.com - Како ќе изгледа луксузната Домино кула во Занзибар вредна 1,3 милијарди дoлари?
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Како ќе изгледа луксузната Домино кула во Занзибар вредна 1,3 милијарди дoлари?

Танзанија ги откри плановите за изградбата на втората најголема африканска зграда на автономниот архипелаг Занзибар.

Како ќе изгледа луксузната Домино кула во Занзибар вредна 1,3 милијарди дoлари?

Спиралната кула од 70 спрата би требало да ги поттикне туристите да се вратат во ова подрачје откако пандемијата ја разниша локалната економија.

Изградбата на кулата наречена Domino Tower ќе чини 1,3 милијарди долари и ќе има луксузен хотел со 560 апартмани, терен за голф, капела за венчавки и марина за јахти.

Проектот е дел од настојувањата на Занзибар да развие нови хотели и други туристички атракции, како дел од својата стратегија за привлекување на меѓународни инвестиции.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje