Vrabotuvanje.com - Училиште во Шпанија ги учи момчињата да извршуваат „домаќински“ работи, а причината е генијална!
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Училиште во Шпанија ги учи момчињата да извршуваат „домаќински“ работи, а причината е генијална!

Училиште во Шпанија ги учи момчињата да извршуваат „домаќински“ работи, а причината е генијална!

Училиштето Монтекастело во Виго, Шпанија минатата година објави дека ќе воведе часови по домашен буџет и домачински задачи. Овие чассови се предвидени за момчињата каде што ќе имаат можност да научат како се пеглаат алишта, како се готви ручек, како се шие, а истовремено ќе имаат часови од областа на столаријата, ѕидарството, електриката, како и водоводството.

Часовите ќе бидат доброволно одржани од страна на професори и асистени, но во предавањето ќе се вклучат и татковците на момчињата.

На овој начин, училиштето сака да ја сруши стигмата и стереотипите кои ја поттикнуваат родовата нееднаквост и да изгради еднакви вредности и за двете страни, преку овие активности, при што слоганот на проектот гласи: „Еднаквоста се учи преку дела!“

Габриел Браво, координаторот на проектот вели:

„Корисно е нашите ученици да ги знаат овие вештини, така што, кога ќе оформат семејство, да се вклучат од самиот почеток и секогаш да бидат свесни дека домот е обврска на двајца.

Идејата се родила кога училиштето барало начин како да интересен и креативен начин да ја промовираат родовата еднаквост меѓу учениците. Предлогот бил одлично прифатен од родителите, иако на почетокот, за учениците било малку непријатно извршувањето на овие активности.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje