Vrabotuvanje.com - McDonald’s го лансира својот прв вегански хамбургер
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

McDonald’s го лансира својот прв вегански хамбургер

McDonald’s го лансира својот прв вегански хамбургер

По тригодишно истражување, во септември McDonald’s ќе го лансира својот прв вегански бургер во Велика Британија.

Долгоочекуваниот McPlant содржи плескавица од зеленчук развиена во соработка со Beyond Meat. Компанијата им ветува на клиентите веганско сирење базирано на протеин од грашок кој „има вкус како на познатите парчиња сирење Мекдоналдс“

Бургерот се сервира во веганско пециво од сусам со вегански сос, зелена салата, кромид, домат, кисели краставички, кечап и сенф.

Новиот бургер, кој ќе чини нешто помалку од 5 долари, ќе биде понуден во десет ресторани на McDonald’s од 29 септември, пред да се прошири на дополнителни 250 ресторани во Велика Британија од 13 октомври.

McPlant ќе биде подготвен одделно од другите производи на McDonald’s користејќи специјални садови за готвење. Хамбургерот е сертифициран од Вегетаријанското друштво и содржи 429 калории.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje