Vrabotuvanje.com - Како се живее во ЕУ? Каде животот е најскап, а каде најевтин?
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Како се живее во ЕУ? Каде животот е најскап, а каде најевтин?

Како се живее во ЕУ? Каде животот е најскап, а каде најевтин?

Животот во Европа е најскап во Швајцарија, а најевтин во Турција,  каде што се најде земјава и земјите од Западен Балкан, покажуваат податоците од анкетата направена од германското биро за статистика (Дестатис).

Во анализата се споредуваат цените во 36 европски земји. Цените се земени од јули оваа година.

Според анализата скапи за живот се и Германија, Данска, Луксембург, Холандија, Белгија и Австрија.  Но, животот во Полска е 46 отсто поевтин отколку во Германија, а во Чешка  28 отсто.

Македонија, заедно со земјите од регионот – Србија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина, е во групата на земји со ниски трошоци за живот.

Во Бугарија, Романија и Босна и Херцеговина, трошоците за живот се околу 50 отсто пониски отколку во Германија, во Литванија и Хрватска 36 отсто, во Шпанија 13 отсто, а во Италија 9 отсто.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje