Vrabotuvanje.com - Кина ги прогласи нелегални сите трансакции со криптовалути
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Кина ги прогласи нелегални сите трансакции со криптовалути

Кинеската централна банка објави дека сите трансакции со криптовалути се илегални, фактички забранувајќи ги дигиталните токени, како биткоин.

Кина ги прогласи нелегални сите трансакции со криптовалути

- Бизнис активностите кои вклучуваат виртуелни валути се незаконски финансиски активности. Тие сериозно ја загрозуваат безбедноста на имотот на луѓето, соопшти Народната банка на Кина.

Кина е еден од најголемите пазари за криптовалути на светот и тамошните флуктуации неретко се одразуваат на нивната глобална цена. Вредноста на биткоинот падна за повеќе од 2.000 долари во пресрет на кинеската објава.

Тргувањето со криптовалути е официјално забрането во Кина од 2019, но продолжи да се одвива онлајн преку странски размени.

 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje