Vrabotuvanje.com - Индиски суд казнил фризерски салон со 270.000 долари поради погрешна фризура
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Индиски суд казнил фризерски салон со 270.000 долари поради погрешна фризура

Индиски суд казнил фризерски салон со 270.000 долари поради погрешна фризура

Суд во Индија наредил фризерски салон да плати 20 милиони рупии (271.000 американски долари) како компензација на манекенка поради погрешна фризура.

Во тужбата се наведува дека жената често добивала ангажман со компании за производство на препарати за коса, но дека не била стрижена во салонот според дадените упатства, поради што претрпела голема загуба.

Индиската национална комисија за решавање спорови за потрошувачите (NCDRC) соопшти дека жената ги загубила „очекуваните работни места и претрпела огромна загуба што целосно го променила нејзиниот животен стил и го скршила нејзиниот сон да стане топ -модел“.

„Таа претрпе тежок психички дефект и траума поради негрижа при кратење на косата и не можеше да се концентрира на работа, по што ја загуби работата“, се вели во пресудата.

Во 2018 година, манекенката била во хотел, каде што има салон, за да се потстрижи и им даде посебни упатства на вработените за изгледот што го сака, но фризерот скратил голем дел од косата.

Извор: lokalno.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje