Vrabotuvanje.com - Поранешна мисица по разводот излезе побогата од кралицата Елизабета
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Поранешна мисица по разводот излезе побогата од кралицата Елизабета

Манекенката, поранешна мисица и пејачка Кирсти Бертарели стана најбогатата разведена жена во Обединетото Кралство, а се верува дека нејзиното сегашно богатство е поголемо и од богатството на самата кралица.

Поранешна мисица по разводот излезе побогата од кралицата Елизабета

Педесетгодишната Бертарели тајно се разведе од сопругот милијардер Ернесто Бертарели, со кого беше во брак 21 година.

Годинава заедно беа рангирани на 14-тото место на листата на најбогатите Британци според The Sunday Times, а нивното богатство тогаш беше проценето на 9,2 милијарди фунти. Не сакаа јавно да зборуваат за спогодбата по разводот, но Daily Mail објави дека оваа поранешна Мис Обединето Кралство од 1988 година се согласила на 350 милиони фунти.

Покрај тоа, таа добила модерна куќа покрај Женевското Езеро во Швајцарија, купена годинава за 52 милиони фунти. Поседува викендица од 8 милиони фунти во швајцарскиот скијачки центар Гштад.

„Одлуката беше заедничка, а разводот беше консензуален“, нагласи претставникот за медиуми на двојката. Се верува дека Кирсти потпишала предбрачен договор пред да се омажи за швајцарскиот бизнисмен во 2000 година. Заедно имаат три деца

Парите што ги доби по разводот ја прави поранешната мисица најбогатата разведена жена родена во Британија во правната историја. Сега е побогата од сер Мик Џегер (310 милиони фунти), Ед Ширан (220 милиони фунти) и Адел (140 милиони фунти).

Се верува дека е побогата и од британската кралица Елизабета, чие лично богатство се проценува на околу 365 милиони фунти.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje