Vrabotuvanje.com - СТЕ СЕ ПРАШАЛЕ НЕКОГАШ? Зошто на фармерките има и мал џеб
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

СТЕ СЕ ПРАШАЛЕ НЕКОГАШ? Зошто на фармерките има и мал џеб

СТЕ СЕ ПРАШАЛЕ НЕКОГАШ?  Зошто на фармерките има и мал џеб

Речиси секој пар фармерки кој го имате дома има по едно мало џепче на страна. Дали знаете за што служи тоа?

Своевремено Стив Џобс се пошегува дека џебот е направен за во него да собере iPod, но, со оглед на тоа дека фармерките се со векови постари од овие гаџети, одговорот не ја решава мистеријата.

Барем сè додека не беше откриена нова, интересна теорија на основачот на компанијата Levi’s.

Прочуеното џепче на фармерките изгледа е направено кон крајот на 19-от век од следната причина: во текот на „златната грозница“ која се случувала во тој период, каубоите ги носеле своите џебни часовници по елеците и така ги оштетувале и губеле.

Тогаш, најпознатиот произведувач на фармерки го додал малечкиот џеб за каубоите да имаат каде да го сместат часовникот.

Признајте дека никогаш немаше да погодите.

mkd-news.com

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje