Vrabotuvanje.com - Предности на возење велосипед, дури и на дожд – Паричникот ќе ви биде благодарен
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Предности на возење велосипед, дури и на дожд – Паричникот ќе ви биде благодарен

Возењето велосипед е еден од најлесните начини во својата дневна рутина да внесете малку физичка активност, а помеѓу останатото, да имате превоз со кој ќе заштедите многу пари.

Предности на возење велосипед, дури и на дожд – Паричникот ќе ви биде благодарен

Причини зошто сме ЗА велосипеди и на дожд:

1. Возењето велосипед го подобрува менталното здравје

Ова е активност која го комбинира физичкото движење со повеќе време поминато на отворено. Дополнително, ве спасува од стрес и нервози во градските метежи, па менталното здравје ви е постабилно.

2. Согорување на калории

Со возење велосипед може да согорите помеѓу 400 и 1000 калории, зависно од брзината и интензитетот.

3. Градење на мускулите

Елементот на отпор во возењето на велосипед ви дозволува да ги изградите мускулите на нозете.

4. Уживање во уште еден појадок

Ако велосипедот ви е средството со кое одите на работа, ќе имате доволно време и согорени калории за уште еден појадок, односно оброк, без грижа на совест.

5. Штедење на време и пари

Со велосипедот ќе заштедите време и пари – она што во последно време постојано ни недостасува.

6. Зајакнување на ориентацијата

Со тоа што ќе одите по споредни патчиња и улички, го вежбате мозокот, односно ориентацијата во просторот.

7. Подобар сон

Ништо ново нема да откриеме тука – колку што сте поизморени, толку подобро спиете.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje