Vrabotuvanje.com - Денес е Меѓународниот ден на шефовите
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Денес е Меѓународниот ден на шефовите

И шефовите имаат свој ден – средината на октомври е резервирана да уживаат во зголемена наклонетост на своите вработени.

Денес е Меѓународниот ден на шефовите

Овој специфичен ден првпат беше воведен во 1958 година за да се воспостави подобар однос меѓу вработените и нивните надредени. И денес оваа проблематика е актуелна – затоа и се истакнува како преку соработка и тимска работа на шефовите и вработените создаваме пријатна работна атмосфера.

Ако не го правиме тоа во текот на годината, Меѓународниот ден на шефовите, 16 октомври, може да биде добра можност да размислите за вашите шефови и можеби да ги наградите – со симболичен подарок или само ракување.

Денот беше инициран од секретарката Патриша Бајс Хароски, која го регистрира во американската стопанска комора во 1958 година.

Целта на воспоставувањето на овој посебен ден е всушност да се покаже благодарност кон шефовите кои тоа го заслужуваат. Тоа всушност беше стратегија со која Хароски настојуваше да ги подобри односите меѓу менаџерите и нивните работници, бидејќи веруваше дека младите работници понекогаш не се свесни за посветеноста и напорот на кој секојдневно се изложени нивните претпоставени.

Сепак, не секој го поздрави одбележувањето на овој ден. Некои истакнаа дека шефовите имаат поголема моќ, но и плати, така што тие навистина не треба да примаат подароци од своите работници со помала финансиска моќ.

Денес, на пазарот на труд, овој ден се гледа како можност за шефовите и нивните работници да работат заедно за да создадат тимска работна средина на работното место.

 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje