Vrabotuvanje.com - Хибридни состаноци - предности и маани
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Хибридни состаноци - предности и маани

Дали вработените кои се вклучуваат онлајн се во понеповолна позиција од вработените кои се физички присутни?

Хибридни состаноци - предности и маани
Пандемијата на Ковид 19 ги направи работните места хибридни - се работи и од далечина и со физичко присуство. Кога доаѓа време за деловни состаноци во рамки на една организација, вработените кои работат од далечина и се вклучуваат со онлајн присуство и имаат чувство дека се помалку слушнати и помалку вклучени за разлика од колегите кои се физички присутни на состаноците.
Како треба да се одржуваат состаноци ако работата се врши на хибриден начин? За да се даде одговор на ова прашање, направена е анкета на околу 800 професионалци за човечки ресурси и еве што одговориле:
 
33% рекле дека сите вработени треба да учествуваат виртуелно, без оглед на нивната локација;
 
37% рекле дека вработените кои се во канцеларијата треба да се сретнат лично, а работниците од далечина треба да учествуваат виртуелно;
 
23% рекле дека вработените кои се во канцеларија треба да имаат избор да присуствуваат на состаноци лично или да учествуваат виртуелно, а работниците од далечина треба да учествуваат виртуелно;
 
7% рекле дека сите вработени треба да присуствуваат на состанокот ако е можно.
 
Интересно е што имаат поделено мислење по однос на тоа дали сите вработени треба да учествуваат со онлајн присуство без оглед каде се наоѓаат или да се примени хибриден модел. Но, од друга страна е и логично, зашто оние кои се физички присутни треба да ја имаат можноста за дружење согласно протоколите за заштита.
 
Во секој случај, секој менаџер треба да води сметка никој да не се чувствува дискриминиран и да се сослушаат и оние кои се онлајн присутни на состанокот. Во ова време клучно е да се одржува соработката и поддршката од страна на сите во тимот за да се остварат добри резултати во деловното работење.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje