Vrabotuvanje.com - ВИСТИНАТА ЗА ЖИВОТОТ НА БРОД
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

ВИСТИНАТА ЗА ЖИВОТОТ НА БРОД

ВИСТИНАТА ЗА ЖИВОТОТ НА БРОД
Филип Марковиќ од Србија од своите пријатели во хотелот каде работел наслушнал како со работа на брод може да се купи и стан, по што пред 7 години на свои 23 отишол да работи на брод, пишува порталот Фактор. 
 
Тој едно утро се пробудил, и донел одлука дека ќе ја смени работата. 
 
„Едно утро се пробудив и си реков „овде каде што работам ми е добро, но до 15 во месецот ја трошам платата, и не сакам веќе да преживувам“- вели тој. 
 
ПРОЧИТАЈ: КАКО ДА НАЈДЕТЕ РАБОТА ВО МАЛТА: Македонец раскажува што треба да направите
 
На интернет нашол компанија од Загреб која посредува, пратил CV и за месец дена го повикале на разговор, при што интервјуто за работа траело само 5 минути. 
 
Почнал да работи на брод како келнер, а на крајот станал консултант за продажба. 
 
Вели дека работел по 10 до 12 часа дневно или 330 часа месечно. 
 
Откако завршил договорот се вратил во Белград и работел за 300 евра, но вели дека со тие пари нема перспектива. 
 
ПРОЧИТАЈ: За сезонски берачи на јаболка, Нов Зеланд плаќа до 160 евра дневно!
 
Потоа со друг договор успеал да ги обиколи Медитеранот и Блискиот Исток. 
 
Ако се штеди вели дека за 6 месеци може да се заработат 10.000 долари, а тој успеал да си купи стан по 6 години работа. 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje