Vrabotuvanje.com - Цените на нафтата продолжуваат да растат над 86 долари
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Цените на нафтата продолжуваат да растат над 86 долари

Цените на нафтата продолжуваат да растат над 86 долари

Цените на нафтата на меѓународните пазари во понеделникот го продолжија растот кој го бележеа и пред викендот и така достигнаа повеќегодишни максимуми, што е резултат на несреазмерностра меѓу понудата и побарувачката на глобално ниво, како и јакнењето на побарувачката на горива од САД и пошироко, во периодот кога националните економии закрепнуваат од падот предизвикан од пандемијата на коронавирусот.

Организацијаа на земјите извознички на нафта (OPEC) во понеделникот претпладнето објави дека барелот од референтната кошница нафта на нејзините членки во петокот изнесува 83,42 долари, што значи дека незначително поскапел во однос на претходниот трговски ден.

На лондонскиот пазар во понеделникот цената на барелот беше за 64 центи повисока во однос на претходното затворање и изнесуваше 86,17 долари. На американскиот пазар, пак, со барелот се тргуваше по 75 центи повисока цена, од 84,51 долар.

Цените на овие два пазара минатата седмица го заклучија тргувањето со благ пораст, и покрај растечкиот број на нови случаи коронавирусот во Обединетото Кралство и во источна Европа, што навестува потенцијално тешка зима.

Американската инвестициска банка „Goldman Sachs“ соопшти во белешката до комитентите дека силното закрепнување на глобалната побарувачка на нафта, би можело да поттикне раст на цените на лондонскиот пазар ICE над нејзините прогнози за крајот на годината од 90 долари за барел.

По повеќе од една година намалена побарувачка на горивата, потрошувачката на бензините и дестилатите повторно е во согласност со петгодишниот просек во САД, најголемиот потрошувач на горива во светот.

Во меѓувреме, американските енергетски компании минатата седмица го намалија производството на нафтените и гасните платформи првпат во седум седмици, иако цените на нафтата растеа, соопшти во петокот компанијата за енергетски услуги „Baker Hughes“.

Цените на нафтата, исто така, се поддржани од загриженоста поради недостигот од јаглен и гас во Кина, Индија и Европа, што го поттикна енергетското преминување на дизелот и мазутот.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje