Vrabotuvanje.com - Оглас за вработување во Стопанска банка АД Скопје
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Оглас за вработување во Стопанска банка АД Скопје

Оглас за вработување во Стопанска банка АД Скопје
Одлична можност да се приклучите кон реномирана меѓународна финансиска групација и да станете дел од професионален тим, кој во соработка со Управниот одбор и менаџментот на Банката обезбедува примена на прописите од областа на информативна сигурност и спроведување на сигурносните контроли и ефикасна оперативна практика на ниво на цела банка.

 

Советник за специфични прашања одговорен за сигурноста на информативниот систем (ОСИС) во кабинетот на претседателот на Управниот одбор
 

Значајни должности:
Одговорен за примена но прописите од областа на информативната сигурност,
Одговорен за редовно информирање на надлежните органи за прашања поврзани со информативната сигурност.
Врши процена на ризиците, анализа на веројатноста од појава на закани, предлага унапредување на политиката и на процедурите за информативна сигурност.
Учествува во дефинирање и во координација на спроведувањето на сигурносните контроли во Банката и врши набљудување на нивната ефикасност.
Го организира и управува процесот на изработка и на тестирање на Планот за континуитет во работењето.

Потребни квалификации:
Универзитетско образование од областа на информатичките науки;
Релевантно работно искуство во областа на информативната сигурност.
Професионални сертификати (од областа на ISO 27001; CISSP; CISM; CISA) ќе се сметаат за значајна предност;
Одлични способности за тимска работа, комуникација и за меѓучовечки односи;
Кандидатот треба да биде способен да работи независно и самостојно;
Значајни аналитички и презентациски способности и способност за писмено известување;
Одлично познавање (вербалио и писмено) англиски јазик, како и стручно и напредно користење MS Office.

Стопанска банка АД. Скопје нуди атрактивен компензациски пакет и можности за континуиран професионален развој, кои ја рефлектираат нејзината улога на водечка финансиска институција.

Месечниот надомест ќе биде утврден во согласност со искуството и со квалификациите на кандидатот.

ЛИНК ЗА ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ И АПЛИЦИРАЊЕ

 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje