Vrabotuvanje.com - И покрај пандемијата, индустријата за канабис во САД "цвета"
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

И покрај пандемијата, индустријата за канабис во САД "цвета"

И покрај пандемијата, индустријата за канабис во САД "цвета"
Индустријата за канабис во САД, и покрај глобалната пандемија, е во пораст, така што минатата година продажбата достигна 20 милијарди долари, оваа година е 26 милијарди, а се предвидува дека ќе се зголеми на 45,9 милијарди во 2025 година. Продажбата од речиси 46 милијарди долари ќе ја направи индустријата за канабис поголема од индустријата за занаетчиско пиво.
 
Големите продажби во САД не треба да бидат изненадување, бидејќи повеќето Американци моментално живеат во држави каде што некој облик на канабис е легален.
 
Според Националната конференција на државните законодавства, повеќе од две третини од американските држави го легализирале медицинскиот канабис, а 18 го легализирале канабисот за таканаречена рекреативна употреба.
 
Во последните 12 до 18 месеци, податоците покажуваат дека продажбата продолжила да се забрзува со рекордно темпо на американскиот пазар, особено во етаблираните земји како Колорадо, Вашингтон и Орегон.
 
Се проценува дека минатата година имало 320.000 работни места со полно работно време во индустријата за канабис, во споредба со 234.700 претходната година.
 
Меѓутоа, американската Администрација за храна и лекови допрва треба да издаде официјални упатства за тоа како канабиноидите добиени од коноп, како што е ЦБД, може да се вклучат во комерцијалните производи.
 
Извор: biznisvesti.mk
 
 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje