Vrabotuvanje.com - „Бугати Римац“ почна со работа, новите хиперавтомобили ќе се развиваат во околината на Загреб
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

„Бугати Римац“ почна со работа, новите хиперавтомобили ќе се развиваат во околината на Загреб

Хрватската компанија „Римац автомобили“ официјално се спои со „Бугати“ во новата компанија „Бугати Римац“. Одделен дел од компанијата ќе биде „Римац технолоџи“, што ќе развива и произведува батериски системи и други компоненти на електричните автомобили.

„Бугати Римац“ почна со работа, новите хиперавтомобили ќе се развиваат во околината на Загреб

„Тешко е да се најде подобра комбинација од ‘Римац‘ и ‘Бугати‘. Едвај чекам да видам какво влијание ќе има ‘Бугати Римац‘ врз индустријата и се радувам за развојот на нови хиперавтомобили и технологии. Веќе почнавме да развиваме нови модели“, рекол извршниот директор Мате Римац на свечениот настан.

Глобалното седиште на компанијата ќе биде во Света Недела на периферијата на Загреб и тоа ќе биде проширено во нов кампус, вреден 200 милиони евра. Тој треба да биде отворен во 2023 година. Тука ќе се развиваат идните хиперавтомобили на компанијата.

„По кратка, но бурна десетгодишна историја, ‘Римац автомобили‘ стигна до следниот голем чекор: спојување со ‘Бугати‘ во ‘Бугати Римац‘, што стана дел од ‘Римац група‘“, соопшти хрватската автокомпанија.

Одделна целина ќе биде „Римац технолоџи“, што ќе развива и произведува батериски системи и други компоненти на електричните автомобили.

 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje