Vrabotuvanje.com - Фотографија на талентирана Македонка се појави на билборд на „Тајмс сквер“ во Њујорк
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Фотографија на талентирана Македонка се појави на билборд на „Тајмс сквер“ во Њујорк

Нина Георгиева, позната како Геометриева е уште една талентирана македонска артистка која во моментов живее во Јапонија. Нејзина фотографија се појави на еден од билбордите на „Тајмс сквер“, со нејзиното уметничко име и името на компанијата која стои зад фотографијата.

Фотографија на талентирана Македонка се појави на билборд на „Тајмс сквер“ во Њујорк

Таа посочува дека билбордот на „Тајмс сквер“ е дел од NFT (Non Fungible Token) изложба, а наскоро ќе следи и NFT продажба на истата фотографија.

Нина со големо изненадување ја примила веста: „Ова е еден од оние денови кога моето лице се појавува на Times Square билборд.“ На социјалната мрежа твитер таа напиша: „Погледнете, моето лице е на Times Square!“.

Нина Георгиева е графички дизајнер, фотограф и дизајнер на игри. Работи како продукт дизајнер за Google Maps, продукт дизајнер за Google tez, главен дизајнер на апликацијата Grab, водечка апликација на југоисточна Азија која нуди сервиси, испораки и услуги во различни области и визуелен дизајнер на Zendesk софттверска компанија во Сан Франциско, Калифорнија. Претходно има работено за проталот IT.mk.

Покрај ова Геометриева се занимава со крипто уметност – уметнички дела креирани дигитално кои се продаваат преку користење на една од најголемите иновации во 2021 година, опцијата NFT (Non-fungible token). Оваа опција овозможува да се плати одредена сума на пари преку крипто валута која ќе овозможи оригинална лиценца и сопственост на лицето што ќе ја плати и делото останува во негова сопственост.

Нејзината серија насловена со V A S T содржана од 10 дела потпишани со знакот на NFT беше целосно продадена во мај оваа година, само два месеци по појавувањето на оваа назнака и опција.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje