Vrabotuvanje.com - Најхрабрата одлука во корпоративниот свет: Како компанијата убеди 60.500 работници да се вакцинираат
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Најхрабрата одлука во корпоративниот свет: Како компанијата убеди 60.500 работници да се вакцинираат

Најхрабрата одлука во корпоративниот свет:  Како компанијата убеди 60.500 работници да се вакцинираат

Кога Тајсон Фудс, една од најголемите светски компании за пакување месо, на почетокот на август објави дека сите негови 120.000 работници ќе мора да се вакцинираат против коронавирусот или ќе ја загубат работата, Дајана Ејк, административниот координатор на компанијата и останатите вработени бурно реагираа на таа идеја.

„Тоа е нешто сосема лично“, изјавила таа.

Сега и таа е целосно вакцинирана и ѝ олесна што Тајсон ја донесе одлуката наместо неа.

Барањата на работодавачите стапуваат на сила без многу контроверзии во многу области. Но, во некои градови беа организирани и масовни протести по тоа прашање, додека други поднесоа оставки. Многу компании, плашејќи се од бран оставки, се колебаа да донесат одлуки, иако се бореа со пандемијата.

Најавата на Тајсон дека ќе биде потребна вакцинација во нејзините корпоративни канцеларии, веројатно беше најхрабрата одлука во корпоративниот свет.

„Решивме да го направиме тоа, целосно разбирајќи дека го доведуваме нашиот бизнис во опасност“, изјави извршниот директор на Тајсон, Дони Кинг минатата недела.

Но, исто така беше лошо за бизнисот кога Тајсон мораше да ги затвори објектите поради појава на вирус. Вакцината ја примиле приближно 60.500 вработени, а повеќе од 96% од работната сила е вакцинирана.

Искуството на Тајсон покажува дека е подобро вакциниран вработен отколку пропаднат бизнис. Или сите ќе се вакцинираат, или ќе прават тест на неделно ниво.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje