Vrabotuvanje.com - Бројот на пушачи во светот постојано се намалува
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Бројот на пушачи во светот постојано се намалува

Бројот на пушачи ширум светот постојано се намалува, соопшти Светската здравствена организација (СЗО), повикувајќи ги земјите дополнително да ги зајакнат контролните мерки за справување со смртоносната зависност од цигари.

Бројот на пушачи во светот постојано се намалува

Во 2020 година, околу 1,3 милијарди луѓе во светот конзумирале тутун, што е намалување во однос на оние 1,32 милијарди две години претходно, објави СЗО во новиот извештај. Се очекува тој број да се намали на 1,27 милијарди до 2025 година, иако светската популација расте. Извештајот покажа дека во 2000 година, речиси една третина од светското население над 15 години користело тутунски производи, но се очекува дека до 2025 тој број ќе изнесува една петтина.

Посебно е намален бројот на корисници на тутун кај младите. Уделот на пушачите во популацијата на возраст од 15 до 24 години во 2000 година во светот беше 20,8 отсто (секој петти пуши), а сега е 14,2 отсто (секој седми).

Иако бројките се намалуваат, во извештајот се посочува дека 36,7 отсто од мажите и 7,8 отсто од жените во светот сè уште користат тутунски производи. Уште позагрижувачки е фактот што 38 милиони тинејџери на возраст од 13 до 15 години пушат. Ова сочинува 10 насто од сите лица во таа возрасна група, при што момчињата пушат многу почесто од девојчињата.

Се проценува дека пушењето убива повеќе од осум милиони луѓе секоја година, најмногу поради директна употреба на тутун, но и поради изложеност на пасивно пушење.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje