Vrabotuvanje.com - Крипто - престолнина, ќе се гради Bitcoin City
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Крипто - престолнина, ќе се гради Bitcoin City

Ел Салвадор, единствената земја во светот каде биткоинот (заедно со американскиот долар) е официјална валута, планира да изгради цел град врз основа на таа криптовалута.

Крипто - престолнина, ќе се гради Bitcoin City

Ова вест ја соопшти претседателот Наjиб Букеле на презентацијата на Bitcoin Week во Ел Салвадор.

Bitcoin City ќе се наоѓа во заливот Фонсека, недалеку од вулканот. Владата планира да изгради електрана во подножјето на вулканот, која ќе се напојува од геотермални извори и ќе го снабдува со енергија град и ќе го “рудари“ биткоинот, рече претседателот.

Според Букеле, Bitcoin City ќе биде вистински град со станбени и трговски квартови, ресторани, аеродром и железничка станица. Градот ќе биде изграден во облик на круг (како монети), а на централниот плоштад ќе биде прикажан голем биткоин симбол.

Букеле, исто така, рече дека планира да издаде обврзница за биткоин од 1 милијарда долари, финансиски инструмент што ќе го развие Blockstream на Liquid Network. Од таа сума, 500 милиони ќе бидат искористени за изградба на инфраструктура за ископување биткоини во новиот град, а останатите 500 за купување дополнителни биткоини.

Со сегашната цена за тргување со биткоини од 59.000 долари, државата со овој потег ќе добие залиха од 2.000 биткоини.

Претседателот на Ел Салвадор на презентацијата на Bitcoin City се спореди со Александар Велики и Александрија која тој ја изгради. Тој за Bitcoin City изјави дека ќе стане новиот светски финансиски центар, а споменатата обврзница што ќе ја издаде ја нарече “вулканска“.

Ел Салвадор има намера да создаде закони за хартии од вредност и да дозволи издавање на Bitfinex Securities.

Извор: biznisinfo.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje