Vrabotuvanje.com - Десет најдобри половни семејни автомобили според изборот на родителите
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Десет најдобри половни семејни автомобили според изборот на родителите

Колку пари во развиените земји одвојуваат родителите за половни автомобили, како и кои модели според нивното мислење се најдобри за семејството и зошто открива истражувањето во кое учествуваа 2000 родители кои имаат деца помлади од 16 години.

Десет најдобри половни семејни автомобили според изборот на родителите

Студијата откри дека во Велика Британија родителите просечно имаат околу 15.500 фунти(18.400 евра) за купување на половен автомобил, а главните критериуми за избор се практичност, ниски трошоци за одржување и мала потрошувачка.

Најголемиот број од нив бираат половни автомобили кои се стари помеѓу 2 и 6 години.

Јасно е дека кај нас се купуваат поевтини половни автомобили, но ова истражување ни дава увид за тоа кои модели се попрактични за родителите, па можеби вреди да ги имате предвид доколку планирате да го смените автомобилот.

Што се однесува до видот, најмногу бираат хетчбек и SUV, најпобаруван бренд е Audi, а после него се Fiat, BWM, Volkswagen, Honda, Toyota и Mercedes.

Кои модели се во топ 10?

1. Audi A3 Sportback 1.0 TFSI (2017.)

2. Honda Civic 1.0 VTEC Turbo (2018.)

3. Honda HR-V 1.5 VTEC (2017.)

4. BMW 2 Series Active Tourer 218i (2015.)

5. Volkswagen Golf 1.0 TSI (2018.)

6. Fiat 500X 1.0 Turbo (2019.)

7. Toyota C-HR 1.2 бензин (2018.)

8. Mercedes B-Class B180 (2015.)

9. BMW 2 Series Gran Tourer 218i – со 7 седишта (2015.)

10. Kia Carens 1.6 GDI – со 7 седишта (2018.)

За семејства со 3 или повеќе деца најдобрите автомобили, според нив, се BMW Serije 2 Gran Tourer 218i и Kia Carens 1.6 GDI.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje