Vrabotuvanje.com - Кралицата Елизабета користи мобилен телефон кој никој не може да го хакира, а на него разговара само со 2 личности
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Кралицата Елизабета користи мобилен телефон кој никој не може да го хакира, а на него разговара само со 2 личности

Кралицата Елизабета Втора има посебен мобилен телефон, а за полнењето на неговата батерија заслужен е нејзиниот личен асистент.

Кралицата Елизабета користи мобилен телефон кој никој не може да го хакира, а на него разговара само со 2 личности

„Наводно кралицата само со две личности најмногу разговара на телефон, а очигледно е дека има мобилен кој е опремен со антихакерска енкрипција од страна на MI6, така што никој не може да го хакира нејзиниот телефон“, открил Џонатан Сакердоти, експерт за кралски прашања.

„Двете личности со кои најчесто е во контакт е нејзината ќерка, принцезата Ана и нејзиниот менаџер за коњски трки Џон Варен“, раскажал Џонатан.

Кралицата Елизабета Втора следната година треба да прослави 70 години откако е на тронот, а секако дека таа е најдолговечната британска кралица.

„Кралицата на сите им кажа дека во последно време се чувствува многу добро и дека многу се радува што ќе го дочека Божиќ“, раскажал извор за „Daily Mail“. Инаку, по хоспитализацијата во месец октомври, докторите ја советувале дека треба да одмора многу повеќе од претходно.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje