Vrabotuvanje.com - Не се исплаќа – Џорџ Клуни одбил 35 милиони долари за работа од еден ден
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Не се исплаќа – Џорџ Клуни одбил 35 милиони долари за работа од еден ден

Актерот Џорџ Клуни откри дека одбил 35 милиони долари за еднодневно снимање на реклама за една авиокомпанија.

Не се исплаќа – Џорџ Клуни одбил 35 милиони долари за работа од еден ден

– Па, да. Ми нудеа 35 милиони долари за еднодневна работа за снимање на реклама на авиокомпанија – рече тој и додаде дека се консултирал со Амал, неговата сопруга (адвокат по професија) и дека одлучиле да ја одбие понудата.

Клуни објасни дека, авиокомпанијата се поврзувала со, како што рече, „земја која иако е сојузник, понекогаш е дискутабилна“.

– Си помислив: „Па, ако одземе и минута сон, не се исплати“ – изјави оскаровецот.

Клуни не е за жалење, туку напротив, има рекламен договор од 40 милиони долари годишно, додека неговите хонорари за играње во холивудски филмови се меѓу најголемите за машки актери.

Сепак и покрај богатството, како што вели за Гардијан, Џорџ и Амал Клуни главно сами се грижат за децата, близнаците Александар и Ела.

– На Амал и е многу важно да бидеме со децата. Имаме дадилка четири дена во неделата, а остатокот од времето сме само ние со нив. И за време на карантинот бевме само ние четворица – цела година! Се чувствував како мајка ми во 1964 година, миејќи садови и шест товари алишта дневно“, вели Клуни.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje