Vrabotuvanje.com - Во Ирска предложено чистиот воздух да биде со закон загарантирано работничко право
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Во Ирска предложено чистиот воздух да биде со закон загарантирано работничко право

Во Ирска предложено чистиот воздух да биде со закон загарантирано работничко право

Парламентарецот од левичарската партија Луѓето пред профит, Пол Марфи, започна процедура со која правото на чист воздух ќе биде со закон обезбедено работничко право.

Пандемијата со коронавирусот ги натера властите на многу држави да се позанимаваат со квалитетот на воздухот. Тоа се случи и во Ирска, а е дел од борбата против пандемијатаво училиштата и на работните места.

-За жал ирската влада како и владите на многу други земји не работат доволно на прашањето за квалитетот на воздухот во внатрешниот простор. Не се инсистира да имапроветрување, да има монитори кои ќе покажуваат колкава е колицината на јаглерод диоксид, да има системи за филтрирање на воздухот, вели Марфи.

Тој смета дека ова може да се промени ако се усвои закон со кој ќе стане задолжително сѐ од претходно наведеното. Според него, за разлика од европските држави, некои азиски земји не го занемарија овој проблем во екот на пандемијата. Тој оценува дека тоа е последица од нивното искуство со други епидемии на вируси, пренесува Јуроњуз.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje