Vrabotuvanje.com - Сите жители на Њујорк ќе мора да се вакцинираат до 27 декември доколку сакаат да одат на работа
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Сите жители на Њујорк ќе мора да се вакцинираат до 27 декември доколку сакаат да одат на работа

Сите жители на најголемиот американски град ќе мора да се вакцинираат до 27 декември доколку сакаат да одат на работа.

Сите жители на Њујорк ќе мора да се вакцинираат до 27 декември доколку сакаат да одат на работа

Вработените во јавниот сектор веќе мора да бидат вакцинирани, но оваа одлука ќе ја прошири и на приватниот сектор, изјави Де Блазио за MSNBC. Одлуката стапува на сила на 27 декември, додаде тој.

„Го имаме новиот сој омикрон како нов фактор, имаме постудено време што ќе создаде нови предизвици со варијантата делта, имаме празнични собири“, објасни тој, додавајќи дека единствениот излез од таа ситуација е обврската за вакцинација.

Тој нагласи дека Њујорк ќе биде првиот американски град кој ќе воведе обврски за вакцинација за работниците од приватниот сектор.

Задолжителните вакцини за вработените во јавниот сектор кои стапија на сила оваа есен предизвикаа отпор, а дел од вработените ги напуштија своите работни места. Сепак, стапката на вакцинација се зголеми по таа одлука.

Досега во Њујорк се потврдени десет случаи на варијантата омикрон, а Де Блазио рече дека треба да се претпостави дека веќе има ширење на таа варијанта во заедницата.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje