Vrabotuvanje.com - Instagram го враќа хронолошкиот редослед на објавите
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Instagram го враќа хронолошкиот редослед на објавите

Фотографиите моментално се подредени според она што најчесто го гледа корисникот, така што алгоритам заснован на тие интереси прави редослед што понекогаш нема смисла.

Instagram го враќа хронолошкиот редослед на објавите

Начинот на прикажување се смени во 2016 година и веднаш предизвика незадоволство кај оние кои сакаат јасен, хронолошки редослед.

Instagram моментално користи ВИ систем кој е одговорен за она што се смета за „персонализиран feed“, но методот и понатаму е непопуларен кај голем број корисници до ден-денес. Се случува содржините на едни исти креатори да бидат често на врвот, кои корисникот ги лајкува и на тој начин влегува во маѓепсаниот круг. Хронолошки подредениот feed може да го реши овој проблем, бидејќи основниот параметар за прикажување ќе биде времето кога е објавена објавата.

Директорот на одделот за Instagram, зборуваше и за промените кои ги очекуваат корисниците. Покрај промените во feed-от, се разговараше и за безбедноста на децата на оваа социјална мрежа. Мосери предложи да се формира комисија која ќе се занимава со безбедноста на најмладите и ќе определи како треба да се управува со нивните податоци.

Instagram неодамна ја претстави функцијата Take a Break, која треба да го ограничи времето поминато на интернет. Се подготвуваат уште родителски алатки, но сенаторите тврдат дека тоа не е доволно, бидејќи социјалните мрежи веќе создаваат зависност кај најмладите.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje