Vrabotuvanje.com - Њујорк ќе воведува стотици Tesla Model 3 во такси служба
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Њујорк ќе воведува стотици Tesla Model 3 во такси служба

Градот Њујорк, во четврток на 16-ти декември, на јавноста ќе ѝ го претстави планот за набавка на електрични такси возила од Tesla. Договорот со производителот на електрични автомобили вреди 12.360.000 долари и истиот ќе важи пет години.

Њујорк ќе воведува стотици Tesla Model 3 во такси служба

На вебсајтот за административни услуги на градот Њујорк е објавен датум за јавна расправа, на којашто ќе биде претставена планираната набавка на електрични автомобили Tesla Model 3 во служба на такси возила во градот. 

Њујорк не посочува кои моделски изведби на Tesla Model 3 се опфатени во договорот и колку возила се предвидени во истиот. Доколку се избира основната изведба со погон назад, тогаш со планираниот буџет во висина од преку 12,3 милиони долари може да се набават 265 примероци од хит електричниот модел.

Бидејќи станува збор за релативно голема набавка, цената по возило сигурно ќе се разликува значително од цените што Tesla ги комуницира за приватна и единечна продажба. Сепак може да се калкулира со бројка од околу 300 електрични Tesla Model 3. Секако важи и обратниот случај, ако се избираат поскапите изведби со погон на сите тркала, нормално е дека и бројот на електрични возила што ќе се стават во такси служба во градот ќе биде помал.

Доколку договорот за набавка се реализира пред истекот на последниот квартал, ова ќе биде совршено заокружување на годината за американскиот производител на електрични автомобили. Неколку стотини возила можеби не се премногу за да фигурираат како бројка во вкупната продажба на Tesla, но неколку стотини возила во такси служба во Њујорк, тоа е веќе светска вест. Тоа секако дека ќе им даде нов имиџ и на градот, и на електромобилноста, секако и на Tesla.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje