Vrabotuvanje.com - Германија го одобри системот на Мерцедес „возење без раце”
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Германија го одобри системот на Мерцедес „возење без раце”

Мерцедес - Бенз доби регулаторно одобрение во Германија да воведе систем за возење без раце. Сега возачите во Германија ќе можат да се посветат на други активности во возилото на одредени патишта.

Германија го одобри системот на Мерцедес „возење без раце”

Со ова одобрение Мерцедес има предност пред Teсла, во трката да понуди понапредни системи за автономно возење на еден од моментално најконкурентните пазари на автомобили.

Системот наречен Drive Pilot, е одобрен за автономно возење на ниво 3, ниво повисоко од системот за автопилот Ниво 2 на Тесла, и ќе им овозможи на возачите да ги тргнат рацете од волан при бавен сообраќај или на автопат, но максималната брзина ќе да биде ограничена на 60 km/h.

„Drive Pilot му овозможува на возачот да се фокусира на одредени споредни активности во сообраќајот. На пример, да комуницирате со колегите, да пишувате мејлови, да сурфате на Интернет или едноставно да се опуштите и да гледате филм“, стои во соопштението на Мерцедес.

Tesla и други компании со години се обидуваат да ја развијат оваа технологија.

Целосно автономно возило би било многу привлечно за премиум клиентите, дозволувајќи им на возачите да ја вршат својата работа или да се забавуваат додека се во сообраќај.

Мерцедес доби лиценца за системот само во Германија, но компанијата вели дека има за цел да добие регулаторно одобрување и во други земји. Штом законодавството во Кина и САД ќе биде одобрено, Мерцедес –Бенз  ќе го понуди системот на тие пазари, изјави главниот технолошки директор на Daimler.

Drive Pilot ќе биде опција за моделите S-Class и EQS од средината на следната година.

Производителот на автомобили не одлучи колку ќе наплаќа за системот, кој е одобрен да се користи на околу 13.000 километри од германската автопатска мрежа.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje