Vrabotuvanje.com - Модното списание Elle го исфрли крзното од своите изданија
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Модното списание Elle го исфрли крзното од своите изданија

Elle е првото големо списание од овој тип во светот кое го исфрли крзното не само од своите содржини, туку и од рекламите.

Модното списание Elle го исфрли крзното од своите изданија

Поради промоција на похумана модна индустрија животинското крзно ќе го снема од сите изданија и платформи на модното списание Elle, објавија од компанијата. Тоа е во склад со растечкиот тренд во секторот луксузна мода.

„Крзното на нашите страници и во нашите дигитални медиуми повеќе не е во склад со нашите, ниту со вредностите на нашите читатели. Станува збор за промоција на похумана модна индустрија“ изјави Валерија Бесоло Лопиз, потпретседателка и меѓународна директорка на списанието, кое е во сопственост на француската компанија Lagardère.

Од Мексико до Австралија, преку Јапонија или САД, 45 изданија на ова списание, кое има 33 милиони читетели и 100 милиони следбеници месечно на своите 55 дигитални платформи, се обврзаа да го исфрлат крзното. 13 од нив веќе го применуваат тоа, 20 ќе почнат да го применуваат од 1 јануари, а останатите на почетокот на 2023 година.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje