Vrabotuvanje.com - Вредноста на биткоинот може да падне на нула, предупредува Централната банка на Англија
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Вредноста на биткоинот може да падне на нула, предупредува Централната банка на Англија

Вредноста на биткоинот може да падне на нула, предупредува Централната банка на Англија

Централната банка на Англија предупреди дека Биткоинот може да стане безвреден и инвеститорите да претрпат сериозни загуби.

Заменик-гувернерот на банката Сер Џон Канлајфс војата проценка за Биткоин, чија популарност брзо се зголеми особено во пандемијата вели дека неговата цена може да варира многу, а вредноста може да се намали на нула теоретски или практично.

„Поентата за загриженост е дека кога криптовалутите се интегрираат во финансискиот систем, може да дојде до масовно прилагодување на цените што заедно со другите пазари, навистина може да влијае на фиксните играчи на финансискиот пазар“, се вели во изјавата на Канлајф.

Додека вредноста на биткоинот го достигна врвот од 67 илјади долари  на почетокот на ноември, тој доживеа сериозен пад со објавувањето на новата варијанта на коронавирусот Омикрон.

Рутинската проценка на финансискиот систем на Централната банка на Англија исто така посочи дека големите институции треба да бидат претпазливи во врска со криптовалутите.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje