Vrabotuvanje.com - Оглас за вработување во Австрија стана хит поради условите кои мора да ги исполнува идниот вработен
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Оглас за вработување во Австрија стана хит поради условите кои мора да ги исполнува идниот вработен

Оглас за вработување во Австрија стана хит поради условите кои мора да ги исполнува идниот вработен

Оглас за работно место што се појави во австрискиот весник „Клајне цајтунг“ стана хит поради условите кои мора да ги исполнува идниот вработен, но и дарежливата плата.

Работодавачот нуди 15 плати годишно во износ од 6.000 евра, а за возврат бара некој кој истовремено би можел да биде домаќинка, приватен готвач, градинар и техничар.

Покрај потврда дека лицето е вакцинирано против коронавирус, потребна е валидна гастро и туристичка обука и работно искуство во „ексклузивни домаќинства или хотели“.

Меѓу другите необични услови, наведено е дека кандидатот треба да има „одлично однесување, негуван изглед, самоуверено држење на телото, како и апсолутна флексибилност, лојалност и дискреција“.

Кандидатите мора да сакаат животни.

На прашање на „Хојте“, работодавачите не сакаа да дадат никакви дополнителни информации бидејќи мораа да ја заштитат приватноста на клиентот. Открија само дека очекуваат многу пријавени бидејќи е понудена добра плата.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje