Vrabotuvanje.com - Каде во светот е најскапо, а каде најевтино паркирањето?
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Каде во светот е најскапо, а каде најевтино паркирањето?

Каде во светот е најскапо, а каде најевтино паркирањето?

Жителите на Лондон треба да трошат најмногу пари за паркирање, а најмалку возачите во Ереван, главниот град на Ерменија.

 

Најдобар пример за тоа колку е скапо паркирањето на час во некои европски градови е главниот град на Велика Британија, каде цената на час е и до 9,9 евра.

Во Лисабон, на пример, плаќате 3 евра за еден час паркирање во центарот, а во главниот град на Франција, Париз е двојно поскапо од Лисабон, но и двојно поевтино од Лондон – 6 евра.

Најевтин град на листата е Ереван, главниот град на Ерменија, каде еден час паркирање во регулирана зона во центарот чини само 0,18 евра.

Воедно, жителите на центарот во повеќето европски метрополи, но и кај нас имаат повластен тарифник во однос на нивната адреса на живеење, а интересно е што во 6 од 48 градови, паркирањето во центарот е бесплатно за жителите.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje