Vrabotuvanje.com - Кој продаде најмногу автомобили во ЕУ
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Кој продаде најмногу автомобили во ЕУ

Во ноември 2021 година, регистрациите на нови автомобили во Европската унија паднаа петти последователен месец оваа година (-20,5 проценти), на вкупно 713.346 продадени единици. Во однос на обемот, овој резултат го означи најнискиот вкупен износ од 1993 година.

Кој продаде најмногу автомобили во ЕУ

Двоцифрен пад е забележан на многу пазари во ЕУ, вклучувајќи три од четирите главни: Германија (-31,7%), Италија (-24,6%) и Шпанија (-12,3%). Франција забележа поскромен пад од -3,2% минатиот месец. Бугарија, Ирска и Словенија беа единствените пазари на ЕУ кои забележаа раст.

Влијанието на недостигот на чипови врз производството на возила резултираше со пад од -0,04 отсто во првите 11 месеци од оваа година, и покрај рекордно ниското основно ниво во 2020 година.

Најмногу возила во ноември продаде Volkswagen Group 152.848, но ова е огромен пад од 33,7 отсто во однос на истиот месец лани. Истата група е во водство кога станува збор за вкупниот резултат за 11 месеци годинава со 2.251.970 продадени автомобили (-1,6 отсто).

Следат Stellantis (Peugeot, Fiat, Citroen…), Renault Group, Hyundai Group, BMW, Toyota, Daimler…

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje