Vrabotuvanje.com - Од 1 јануари, кој сака да работи со Германци, ќе мора да работи на "германски" начин
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Од 1 јануари, кој сака да работи со Германци, ќе мора да работи на "германски" начин

Сите компании од Македонија кои извезуваат во Германија, но и сите наши фирми кои се добавувачи за германските инвеститори што работат во земјава, од следната година ќе треба да го почитуваат новиот закон кој ќе се применува во Германија.

Од 1 јануари, кој сака да работи со Германци, ќе мора да работи на "германски" начин

Станува збор за исполнување на врвни еколошки стандарди, почитување на човековите и работничките права. Тоа ќе биде предуслов за да може да продолжат да работат со германските компании. Станува збор за т.н. Закон за синџир на добавувачи кој во Германија ќе стапи во сила од 1 јануари. Се предвидува сите компании во Германија да ги почитуваат условите во спротивно ќе бидат санкционирани.

„Покрај грижата во однос на работната сила, компаниите треба да се фокусираат и на она што е на агендата на Европската Унија и Германија, тоа е „Green deal” за заштита на животната средина. Од 1 јануари 2022 година во Германија стапува во сила Законот за добавувачи, каде што компаниите кои сакаат да извезуваат во Германија и да бидат добавувачи на германски компании, треба да исполнуваат одредени стандарди, како што се стандарди во однос на почитување на човекови права, работнички права заштита на животната средина при производството“, рече Патрик Мартенс-Директорот на Делегацијата на германското стопанство во Македонија.

 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje