Vrabotuvanje.com - Возачите на "Porsche" имаат најмногу казнени поени
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Возачите на "Porsche" имаат најмногу казнени поени

Возачите на "Porsche" имаат најмногу казнени поени

Возачите на "Porsche" Имаат најмногу прекршочни поени, вели едно германско истражување.

Следат возачите на другите, во главно премиум марки на возила, пресметал брокерскиот портал "Check 24", следејќи ги договорите за осигурување на моторните возила направени преку интернет сајтови.

Во формуларот од возачите се бара да го наведат бројот на казнени поени.

Речиси 11 проценти од сопствениците на "Porsche" возила наведуваат дека имаат казнени поени кога потпишуваат нов договор за осигурување.

Кај возачите на "Jaguar" тој број е 9,6 проценти, кај "Audi", "BMW" и "Land Rover" по осум проценти. Државниот просек е - 6,5 проценти од возачите имаат казнени поени.

Со удел од 7,3 проценти, "Tesla" е меѓу првите десет.

Најмалку казнени поени имаат возачите на "Mitsubishi", "Peugeot" и "Renault" (по 5,5%), додека возачите на "Fiat" и "Dacia" се блиску, со 5,6, односно 5,7 проценти.

Очигледно, колку се автомобилите поскапи и подобри, толку возачите се помалку дисциплинирани.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje