Vrabotuvanje.com - Јапонците измислија телевизор што се лиже: Со сликата доаѓа и вкус
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Јапонците измислија телевизор што се лиже: Со сликата доаѓа и вкус

Jапонски професор разви прототип на ТВ-екран што можете да го лижете и кој може да го имитира вкусот на храната, што е уште еден чекор кон создавање на мултисензорно доживување при гледање.

Јапонците измислија телевизор што се лиже: Со сликата доаѓа и вкус

Уредот наречен Taste the TV (TTTV) користи мала вртелешка од 10 садови со вкусови, кои во комбинација создаваат вкус на одредена храна. Примерокот за вкус потоа се тркала на хигиенска фолија преку рамен ТВ екран за гледачот да проба.

 - Во ерата на корона, овој тип на технологија може да го подобри начинот на кој луѓето се поврзуваат и комуницираат со надворешниот свет, рече Хомеи Мијашита, професор на Универзитетот Меиџи во Токио.

„Целта е да им се овозможи на луѓето да искусат нешто како јадење во ресторан на другата страна на светот, дури и додека седат дома“, рече тој.

Мијашита работи со тим од околу 30 студенти кои произведоа различни уреди за ароматизација, вклучително и вилушка што го прави вкусот на храната побогат.

Овој уред може да се применува и за учење на далечина за дегустаторите на вина или готвачите, како и за игри и квизови во кои би се пробувале вкусови.

Мијашита истовремено е во преговори со компании за неговата технологија да се користи во уреди кои би можеле да внесат вкус на пица или чоколадо на парче препечено лепче.

Јуки Хоу, студентка на Универзитетот Меиџи, им го демонстрира TTTV на новинарите, кажувајќи му на екранот дека сака да проба чоколадо. По неколку обиди, автоматскиот глас ја повтори командата и млазниците за вкус го понудија примерокот на пластичната плоча.

– Ова е како млечно чоколадо. Слатко како чоколаден прелив, рече Хоу.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje