Vrabotuvanje.com - Супер баба во десеттата деценија добила желба за патувања, почнала да заработува и сама да патува по светот
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Супер баба во десеттата деценија добила желба за патувања, почнала да заработува и сама да патува по светот

Супер баба во десеттата деценија добила желба за патувања, почнала да заработува и сама да патува по светот

Пред седум години баба Јелена Јеркова од Русија решила во целост да го промени животот и да го збогати со патувања. Благодарение на авантуристичкиот дух, посетила далечни земји како Кина и Виетнам, а најавува дека следна е Доминиканска Република.

90-годишната Јелена Јеркова станала вистинска интернет-сензација благодарение на ведриот дух, како и љубовта кон патувањата.

Таа во последните седум години ги посетила Виетнам, Кина, Израел, Чешка, Германија и Турција, а највозбудливите моменти од патувањата редовно ги објавува на својот Инстаграм профил.

Како што вели, во 83-тата година добила желба за запознавање на нови култури и тогаш прв пат одлучила да посети странска земја.

Потоа одлучила да штеди од пензијата, која изнесува 10.000 руски рубљи (околу 135 евра), а за да собере дополнителни пари, почнала да одгледува цвеќиња и да преправа гардероба.

Јелена испробала нови работи и запознала луѓе кои се фасцинирани од нејзината енергија.

– Патувањата за мене се нов живот, нови луѓе и состаноци. Посебно задоволство е да се види како луѓето се однесуваат едни кон други. Најважното нешто што го научив во животот е дека постојат многу фантастични луѓе во различни земји! Нема од што да се плашите, напишала на својот Инстаграм профил.

Видеото погледнете го на ЛИНКОТ

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje