Vrabotuvanje.com - „Facebook“ прогласена за „најлоша компанија на 2021 година“
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

„Facebook“ прогласена за „најлоша компанија на 2021 година“

„Facebook“, односно сега веќе „Meta“, е прогласена за најлоша компанија на годината, по турбулентните 12 месеци полни со контроверзии, негативни реакции од јавноста и евентуалното целосно ребрендирање на гигантот, стои во истражувањето кое го спроведе „Yahoo Finance“.

„Facebook“ прогласена за „најлоша компанија на 2021 година“

„Yahoo Finance“ секоја година „крунисува“ најдобра компанија на годината, а за 2021 година тоа е „Microsoft“. Меѓутоа, тие оваа година одлучиле да дознаат и која компанија е најлоша, а „Facebook“ брзо го зазел првото место.

Според анкетата во која учествувале повеќе од илјада поединци, „Facebook“ добил дури 50 отсто повеќе гласови за најлоша компанија од второрангираниот кинески гигант за е-трговија – „Alibaba“.

Испитаниците имале низа различни обвиненија против компанијата, вклучувајќи загриженост поради цензура, влијанието на Инстаграм врз менталното здравје и нарушување на приватноста. Иако резултатите од анкетата се прилично негативни, сепак 30 отсто од анкетираните сметаат дека „Facebook“ би можел „да се искупи“.

„Facebook“, среде низа скандали стана „Meta“, означувајќи го почетокот на новиот правец на компанијата, според зборовите на нејзиниот основач и генерал директор Марк Закерберг. Новото име треба да биде повеќе во склад со целта на „Metaverse“, целосно дигитален свет.

Ребрендирањето многумина го гледаат како обид за одвраќање на вниманието од сите проблеми, а според дел од учесниците во анкетата, тоа им успеало.

 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje