Vrabotuvanje.com - Во Бугарија ќе субвенционираат со 6.200 евра за е-автомобил
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Во Бугарија ќе субвенционираат со 6.200 евра за е-автомобил

Во Бугарија ќе субвенционираат со 6.200 евра за е-автомобил

За набавка на нов електричен автомобил во Бугарија властите најавија субвенции од 6.200 евра во рамки на оперативната програма „Животна средина“ за следната програма, јави БТА. Планот на Владата го пренесе министерот за животна средина Борислав Сандов кој појасни дека планот за закрепнување и одржливост вклучува и реформа поврзана со преминот кон електрични возила. Министерството предвидува мерка за помош на општините за купување специјализирани е-автомобили.

За наредниот програмски период се планирани над 400 милиони лева за заштита на чистиот воздух и примена на европските стандарди. Предвидено е да се подготви список со препораки до општините за квалитетот на воздухот, за полесно да аплицираат во рамките на ЕМЕПА, каде се издвоени 47 милиони лева за еколошки проекти. Според него, средствата ќе бидат одобрени на седница на Советот на министри следната недела. 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje