Vrabotuvanje.com - Мал британски остров распишал необичен конкурс: „Бараме нов крал"
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Мал британски остров распишал необичен конкурс: „Бараме нов крал"

На малиот британски остров Пиел е објавен конкурс - тамошните власти бараат некој кој има искуство во водење на угостителски објект, сака изолација и е подготвен да ја прифати титулата крал.

Мал британски остров распишал необичен конкурс: „Бараме нов крал"

Во Велика Британија е отворен еден од најнеобичните огласи за работа - локалните власти бараат некој да раководи со ресторанот „Ship Inn“ на островот Пиел.

Негативна страна на работата се неизвесните временски услови, изолацијата и долгото работно време. Но, од друга страна, вработениот ќе може да ужива во свежиот воздух, со совршен поглед на птиците, морето, зајдисонца и изгрејсонца и ќе биде изолиран од бучава и гужви.

Џон Марфи, кој носи туристи на островот веќе четири децении, вели дека оној што ќе ја добие работата ќе мора да биде исклучително посветен на задачата: „Не можете туку-така да отидете во продавница кога сте на островот. Мора да бидете посветени и да ја сакате изолацијата, мирот и тишината. Малкумина се оние што можат и го сакаат тоа“.

Островот Пиел се наоѓа на еден километар од полуостровот Фурнес, а до оваа локација може да се стигне со траект, кој има редовни линии од април до септември.

Властите бараат некој кој ќе помине десет години на островот и ќе се всели во април. Потоа ќе биде извршена церемонијата на крунисување на новиот крал на Пиел.

Марфи изјавил дека би сакал сам да се занимава со оваа работа, но верува дека на 73 години е престар за ваква авантура. Сепак, тој истакнува дека ќе продолжи да го посетува островот и на туристите да им ги кажува легендите поврзани со овој мал град.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje