Vrabotuvanje.com - „Порше“ продал над 300.000 автомобили во 2021 година
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

„Порше“ продал над 300.000 автомобили во 2021 година

„Порше“ продал над 300.000 автомобили во 2021 година

Пандемијата на коронавирус и недостатокот на полупроводници не го спречија „Порше“ да постави нова рекордна продажба. Откако „Ламборгини“ и „Бентли“ се пофалија со рекорд во 2021 година, и германската компанија соопшти дека продала 301.915 автомобили, што е 11 отсто повеќе отколку во 2020 година, благодарение на зголемената побарувачка во сите глобални продажни области.

– И покрај предизвиците од недостигот на полупроводници и прекините на пандемијата на коронавирус, работевме напорно за да им овозможиме на повеќе клиенти од кога било досега да го исполнат својот сон и да поседуваат Порше. Побарувачката е сè уште висока и нарачките веќе ни ги преполнуваат „книгите“, рече Детлев фон Платен – одговорен за маркетинг во компанијата.

По земји, во Кина растот е осум отсто, или продадени 96.671 автомобил, во САД – 22 отсто и продадени 70.025 автомобили, а во Германија, продажбата е зголемена за девет отсто, на 28.565 автомобили.

Најпродаваниот модел на „Порше“ лани е „Макан“, со продадени 88.262 примероци, а по него следи „Кајен“ – 83.071 примерок. И електричниот седан-караван „Тајкан“ дефинитивно заслужува внимание, со 911 продадени возила.
 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje