Vrabotuvanje.com - За адвокатите нема криза: Платите за почетници уриваат рекорди
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

За адвокатите нема криза: Платите за почетници уриваат рекорди

Иако во оваа криза имаше „победници и губитници“, секако факт е дека Британија се соочува со покачувања на платите какви што не биле забележани во последните две децении.

За адвокатите нема криза: Платите за почетници уриваат рекорди

Професионална фирма за регрутирање вели дека на дипломираните студенти им дава почетна плата до 150.000 фунти, поради недостиг од работници.

Главниот финансиски директор во „Роберт Волтерс“ изјави дека луѓето во многу индустрии во Велика Британија поднесуваат оставки поради подобро платените работни места, во услови на зголемена побарувачка.

Тој додава дека „15% е минимално зголемување на платата што се забележува, но дека некои ги зголемуваат платите и до 50%. Тој смета дека 2022 година треба да биде уште подобра од 2021 година - за потребниот кадар, доколку не се случи нешто значајно.

Од „Роберт Волтерс“ велат дека компаниите кои бараат работници сега имаат „жестока конкуренција“ меѓу себе, во борбата за таленти и дека е „неверојатно тешко да се најдат вистинските луѓе“.

Компанијата, која има канцеларии во Азија, Европа и САД, објави дека го забележала најдобриот декември во однос на продажбата досега. Нивниот најголем пазар е Јапонија.

Трендот на недостиг на персонал е евидентен ширум светот. Новоквалификуваните адвокати, во најпознатите компании, сега наводно покрај бонусот заработуваат и дури 147.000 фунти. Градските банки исто така ги зголемија платите на почетните компании со цел да ги задржат талентите.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje