Vrabotuvanje.com - Прво видео на YouTube со 10 милијарди прегледи
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Прво видео на YouTube со 10 милијарди прегледи

Прво видео на YouTube со 10 милијарди прегледи

„Baby Shark“ е најпопуларната детска песна во светот и достигна 10 милијарди прегледи на YouTube, пренесува CNN.

Не само што е најгледаното видео на платформата, туку и првото видео кое достигна 10 милијарди прегледи, потврдија од YouTube за CNN.

Оваа песна за деца ја осмисли јужнокорејската компанија која се занимава со образование „Pinkfong“, а ја изведе пејачката Хоуп Сегоин.

Песната беше објавена во 2016 година и веднаш стана вирален хит во Азија. Подоцна, песната се прошири и на други делови од светот.

„Успехот на оваа детска песна е случаен“, изјави директорот на компанијата за CNN. „Никој не очекуваше видеото да има толку многу прегледи на интернет.

За да прослави 10 милијарди прегледи, „Pinkfong“ ги покани децата од целиот свет да го споделат својот „танц на ајкула“ на интернет.

 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje