Vrabotuvanje.com - Странска компанија ВРАБОТУВА во Скопје. Бараме Senior and Junior Training Experts
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Странска компанија ВРАБОТУВА во Скопје. Бараме Senior and Junior Training Experts

Странска компанија ВРАБОТУВА во Скопје. Бараме Senior and Junior Training Experts

Целта на Проектот „Поддршка на социјалните претпријатија“ е да се поддржат долгорочно и одржливо вработување и деловни можности за ранливите и маргинализираните групи преку воспоставување структури за поддршка на социјалните претпријатија кои ќе обезбедат низа услуги како што се трансфер на знаење, градење капацитети, образование и обука, бизнис коучинг, организација на настани, споделување на канцелариски простор или опрема.

Проектот ќе ги идентификува потребите, ќе развие и промовира нови услуги и ќе понуди понатамошна поддршка за воспоставување на екосистем за развој на SE, преку олеснување на прилагодувањата на политиката и правната рамка. Предвидени целни групи се: јавни институции како министерства, општини, АВРМ, АПЕ, граѓански организации, социјални претпријатија итн.

Проектот исто така има за цел да ја зголеми свеста и да ја подобри видливоста на социјалните претпријатија и секторот на социјалната економија во земјата. Во рамките на проектот ќе се развие веб-портал кој дополнително ќе ги поддржи постоечките и потенцијалните социјални претпријатија/претприемачи да најдат информации, да комуницираат и вмрежуваат, да промовираат партнерства и да разменуваат искуства.

За да го комплетира својот тим од експерти, EPTISA бара кандидати за следните позиции:

Senior and Junior Non-Key Procurement and Training Experts

Подетални информации за позициите прочитајте ТУКА.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje