Vrabotuvanje.com - Просечната нето-плата во ноември 2021 изнесувала 29.130 денари
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Просечната нето-плата во ноември 2021 изнесувала 29.130 денари

Просечната нето-плата во ноември 2021 изнесувала 29.130 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2021 година, во однос на ноември 2020 година, изнесува 105.6.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности (14.4 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (11.5 %) и Информации и комуникации (11.3 %). Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Дејности во врска со недвижен имот (3.9 %), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (3.5 %) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (2.9 %).

 

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2021 година, изнесува 29 130 денари.

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje