Vrabotuvanje.com - Во кои сектори работниците земаат најниски плати!?
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Во кои сектори работниците земаат најниски плати!?

Во земјава има повеќе сектори каде платите се нешто над минималецот.

Во кои сектори работниците земаат најниски плати!?

Државниот завод за статистика ја објави листата на просечни плати за месец ноември.  Според овие податоци, најниската просечна нето-плата е исплатена во секторот Заштитни и истражни дејности – 16.068 денари, а понатаму следи Услуги поврзани со одржување згради и дејности на уредување и одржување на животна средина и природа – 17.965 денари. 

Во групата со ниски плати спаѓаат и вработените во секторот Производство на кожа и слични производи од кожа – 18.588 денари, па Производство на облека – 19.139 денари и Дејности за подготовка на оброци и служење храна – 19.206 денари. 

Од друга страна, најголеми плати земаат програмерите. Тие долго време се на врвот од листата. 

Македонските работници во ноември лани во просек заработувале по 29.130 денари.

Минималецот засега останува ист, 15.200 денари. 

ивор: faktor.mk

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje