Vrabotuvanje.com - Посетителите од Косово го спасија туризмот во Албанија
Podijeli
Tweet
Podijeli
Pošalji prijatelju

Посетителите од Косово го спасија туризмот во Албанија

Посетителите од Косово го спасија туризмот во Албанија

Соседна Албанија бележи добри резултати во туризмот, иако тие не се како пред пандемијата. 

Албанија минатата година ја посетиле 5,6 милиони туристи. Како што објави Институтот за статистика, лани имале за околу три милиони туристи повеќе споредено со претходната година. Има зголемување на бројот на посетители од Црна Гора и Македонија, но чести гости се и Грците и Италијанците. 

„Посетителите од Косово го „спасија“ туризмот минатата година со речиси 2,6 милиони граѓани кои дојдоа во земјата, речиси двојно повеќе отколку во 2020 година кога нивниот број беше значително помал поради рестриктивните мерки поради Ковид. Тежината на патриотскиот туризам значително се зголеми, надминувајќи ги дури и нивоата од 2019 година„, наведува Топ чанел.

Сепак, во 2019 година приливот на туристи бил 6,4 милиони. Во светот туризмот претрпе огромни загуби поради коронавирусот. 

Vrabotuvanje.com.mk koristi kolačiće (eng. cookies) kako bi vam pružio bolje korisničko iskustvo. Nastavkom pregleda stranice slažete se sa korištenjem kolačića. Više o tome možete pročitati ovdje